еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе ја посети Македонија на 18 јануари

Новиот бугарски премиер Кирил Петков првата посета на Македонија во интервју за ТВ Блумберг ја најави за 18 јануари.

Петков во интервјуто вели дека со мандаторот Димитар Ковачевски сакаат да создадат сосема поинаква рамка за разговорите.

Посочува дека досега главниот фокус беше на историската дебата, но оти смета дека е поважно сите дискусии да се стават на победничка основа за сите. Затоа, како што вели, отвораме пет нови групи – за инфраструктура, економија, културни размени, влез во ЕУ и историја. Наведува дека сака овие групи да работат исклучително ефикасно во следните шест месеци и да постигнат реални резултати.

Запрашан за историјата што останува проблем меѓу двете земји, дури и ако сите други работни групи постигнат одреден напредок, Петков рече дека верува оти луѓето би биле многу понаклонети да бидат поотворени кога ќе се соочат со сите позитивни страни на добрососедството, а такви според него ги има многу.

Досега, вели, не се зборуваше за нив, туку само за проблемите, а кога станува збор за проблемите, сите се држат до своите позиции и нема напредок.

Тој кажа и дека има многу густ распоред на овие меѓувладини и деловни средби, како и културни групи од двете страни со многу јасни цели. Според тоа како се постигнува напредок по сите прашања, Петков очекува да се одреди конечниот датум за прием на Македонија.

Фото: Петков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Власта не ми помогна да избегам, вели Груевски

Редакција

Зошто Србија за поранешниот припадник на ОВК, Рамадани, кој беше уапсен во Македонија, има налог за апсење

Редакција

Мијалков оздраве од ковид и дојде на судењето за “Плацови на Водно”, не го откри рецептот како се „прават“ милиони

Редакција