еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ќе се намали ли изолацијата, откако во Македонија се регистрирани случаи на омикрон

Во Македонија се регистрирани неколку случаи на омикрон, сојот на Ковид-19, кој се шири најбрзо од сите досегашни соеви, а експертите предлагаат да се намалат деновите на изолација за лицата кои ќе се заразат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

33 нови случаи на Омикрон во Македонија и уште три со флурон, комбинација од грип и Ковид-19

Последниве денови бројот на заболени со Ковид-19 во земјава драстично расте, што сугерира дека овој сој на „голема врата“ влегол во Македонија.

Докторот Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил ги повика членовите на Комисијата за заразни болести да ги сменат протоколите за изолација на контактите со ковид болни и да го намалат времето за изолација на позитивните, зошто според него на 10 јануари ќе нема кој да работи во државата.

“Сите ќе бидеме во изолација. Изолацијата на контактите при вака раширен омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.

Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена“, смета тој.

Епидемиологот Д-р Драган Даниловски за телевизијата Телма пак вели дека изолацијата кај омикрон сојот, треба да се намали на пет дена.

Тој смета дека за заштита од оваа варијанта на Ковид-19 треба да се примени шведски модел, без рестрикции и затварања.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Кои се симптомите на флурон, кој е комбинација на грип и Ковид-19

Д-р Даниловски: Да се заштитат постарите, се друго треба да се пушти да го прележи вирусот

Доктор Кунгуловски објаснува за ефикасноста на вакцините за омикрон сојот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самохрана мајка на две малолетни деца боледува од рак и има потреба од нашата помош

Редакција

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Редакција

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце пуштен на домашно лекување

Редакција