еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска снег во западните и северните делови на Македонија, најстудено ќе биде во четврток и петок

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2).

Вренежите во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и повремен снег и со слаб до умерен сверен ветер. Попладне врнежите ќе бидат претежно од снег и ќе се формира помала снежна покривка.

За утре УХМР најавува повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пародија на протоколот за свадби: Свекрвата задолжително да биде на дистанца од снаата 100 метри

Редакција

Убава вест: 204 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Галерија) Како изгледаше акцијата за спасување на охриѓанецот кој падна во провалија

Редакција