еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија ќе продолжи да ја блокира Македонија, повторно даде зелено светло за Албанија: Епилог од седницата на Советот за национална безбедност

По завршувањето на седницата на Советодавниот совет за национална безбедност, бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија ќе продолжи да ја блокира Македонија на нејзниот пат кон ЕУ, оти не го направила тоа што е потребно за спроведување на Договорот за добрососедство, како и дека не гарантирала исполнување на обврските од истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот за национална безбедност на Бугарија ќе расправа за Македонија

За Албанија пак Бугарија уште еднаш даде зелено светло за отпочнување на преговорите со ЕУ.

„Давањето согласност за почеток на преговорите за членство во ЕУ на РС Македонија не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, вклучително и во однос на правата на македонските Бугари.

Ние никогаш не сме го негирале и не го негираме правото на граѓаните на РСМ да се определат врз основа на сопствената самосвест и да ги користат јазиците во согласност со Уставот. Во исто време, Бугарија бара целосна рамноправност на македонските Бугари со останатите народи наведени во нивниот Устав.

Децениската политика на дискриминација на македонските Бугари, 120.000 луѓе кои се бугарски државјани, а со тоа и државјани на ЕУ, во последно време ескалира во отворен јавен напад и врз граѓани декларирани со бугарска свест“, рече Радев.

Тој истакна и дека правата на македонските Бугари се клучна точка во копенхашките критериуми за членство во ЕУ за кои не може да се преговара и дека според него од особена важност се проектите за обезбедување транспортна и дигитална инфраструктура, со акцент на Коридорот 8.

Во своето обраќање по завршувањето на седницата, на која се сретна со лидерите на сите партии застапени во бугарскиот Парламент, а на која присуствуваше и новиот премиер, Кирил Петков, тој наведе и седум препораки до извршната и законодавната власт во однос на натамошните чекори за решавање на спорот со Македонија.

Според овие препораки при водењето на надворешната политика на Бугарија, Владата треба да ја запази националната позиција на Бугарија, почитувајќи ги барањата од Договорот за добрососедство, Рамковната позиција од 2019 година и Декларацијата на бугарското Собрание.

Исто така во овие препораки стои и дека давањето согласност за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ не треба да биде врзано со рокови, туку со реални резултати, особено во однос на македонските Бугари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вевчани подготвено: Утре почнува Вевчанскиот карневал

Редакција

(ФОТО) Пена тече од фонтаните во центарот на Струмица

Редакција

Ни третина од запленетиот имот на Мијалков не е продадена

Редакција