еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.
Која е Славица Грковска
Славица Грковска е новата вицепремиeрка за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.
Родена е на 27 јули 1970 година во Скопје.
Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде и се стекнала со титулата магистер по математички науки (2010).
Добро зборува англиски, се служи со руски и бугарски јазик, стои во нејзината биографија.
Политичка и професионална кариера
Работела како професор по математика во Средното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје, а од 1993 до 1995 година работела во Рефералниот центар при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Од 1995 до 2002 година била помлад асистент по математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Грковска од мај 2021 година е главен системски аналитичар во Секторот за информатичка технологија, Оддел за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи, каде што исто така e задолжена и за процесот на дигитализација во Министерството.
Исто така била CAO и HR менаџер во неколку ИТ компании. Учествувала на повеќе обуки и конференции, стои во нејзината биографија.
Грковска е и поранешна пратеничка на СДСМ од 2002 до 2011 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче
Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда
Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана
Фото: Влада