еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Русковска добила закани: Ми се закануваа дека ќе ме убијат ако не ги осудам Зоран и Вице Заеви

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред еден месец добила две писма со закани по живот, објави Дојче веле.

Случајот го пријавила веднаш во Министерството за внатрешни работи, по што добила дополнително обезбедување, согласно законот.  Таа се уште чека информации од полицијата дали е откриено кој стои зад заканите.

„Писмата пристигнаа околу 23-24 декември минатата година. Заканите беа во смисла дека невини и угледни граѓани се во затвор, а ‘криминалците Зоран и Вице Заеви‘ биле на слобода.

Ако веднаш не ги осудам ќе бидам убиена. Двете писма беа во таа смисла“, вели Русковска за Дојче веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Закани по живот за обвинителот Јовески: „Ослободете ги новинарите на Алфа“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем раст: 82 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Редакција

20-годишен македонски државјанин во Австрија регрутирал тинејџери за ИСИС

Редакција

(Фото) Косовскиот премиер Курти на чело на Парадата на гордоста во Приштина

Редакција