еМагазин
Image default
Македонија

Побарано укинување на притворот за професорот што нападна ученик во Струга

Одбраната на професорот, кој во декември со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, на денешното судско рочиште побара укинување на мерката притвор.

Адвокатот Сеад Мена смета дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.

– Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на Обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело.

Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука, изјави Мена.

Професорот, кој е обвинет за насилство на денешната расправа кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик.

Тој тврди дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот, а го носел со себе поради заштита, но никогаш го немал употребено.

По инцидентот, ученикот со повреди на глава бил примен на Хирушкото одделение во струшката општа болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство ќе го гони професорот од Струга, кој со железен боксирач удри ученик

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дескоска: Проблемот за Законот за ЈО не е Јанева, туку постапките на СЈО

Редакција

Јовески: И Јанева и Стефанова ќе бидат повикани за „Рекет“

Редакција

Продолжува судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Редакција