еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Матичните лекари за утре најавуваат протест, ќе работат единствено со итни случаи

Секој во својата ординација, но со клуч на вратите, матичните лекари во земјава утре ќе протестираат поради, „игнорантскиот однос на Фондот за здравствено осигурување“ и додаваат оти ќе работат единствено со итни случаи.

Револтот кај матичните лекари, кој утре ќе прерасне во протест, е поради неколкуте неисполнети барања што ги имаат.

„Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови.

Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната“, се вели во соопштението на Здружението на приватни лекари во земјава.

Оттаму велат дека потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал.

„Ако си заминат сестрите од малите места, нема да има тимови – ако нема тимови, нема амбуланти. Тоа е на штета на народот. За квалитетно здравство, добри лаборатории, квалитетни специјалистички амбуланти и до брза дијагноза,“ се додава во соопштението.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 624 лица за неносење заштитна маска

Редакција

(Фото) Баба Доста од Кичево доби над 500 илјади евра на Лото 7

Редакција

529 казни за неносење маска

Редакција