еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Зголемената инфлација во Македонија резултат на растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари, велат од Народна банка

Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување, велат од таму.

-Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста.

Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

На работниот состанок се разговараше околу тековните предизвици со коишто се соочуваат македонските компании. Беше истакната високата поврзаност на домашната економија со Европската Унија, како наш најголем трговски партнер, информираат од Банката.

Продолжената пандемија влијаше врз ликвидноста на економските субјекти во ЕУ, што постепено започна да се чувствува и кај македонските фирми коишто ги пласираат своите производи на европските пазари, а особено на германскиот. Исто така, постпандемиското закрепнување на европската економија позитивно влијае врз остварувањата и на домашната економија, посочија од Стопанската комора.

Сепак беше истакнато дека непредвидливоста е голема, особено имајќи ја предвид енергетската криза и геополитичките тензии.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврнална на последните макроекономски остварувања, коишто упатуваат на раст на домашната економија согласно со макроекономските проекции, но и присутни ризици.

Во однос на ценовните движења било посочено дека засега нагорното придвижување на инфлацијата се должи главно на фактори поврзани со растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари.

-Во такви околности, засега монетарната политика е олабавена, за да се овозможи соодветна финансиска поддршка на економскиот раст. Сепак, Народната банка со внимание ги следи движењата и кај домашните фактори, на редовна основа ја преиспитува поставеноста на монетарната политика и е подготвена за соодветна реакција.

На работниот состанок беше разговарано и за продлабочувањето на соработката помеѓу Народната банка и Стопанската комора, преку поредовно меѓусебно информирање за макроекономските движења, како и за согледувањата на приватниот сектор за економските услови во земјата и во меѓународното окружување, информираат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Инфлацијата во јануари била 6,7%, намалување во втората половина од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март

Редакција

Почна протестот во Охрид против отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

Која е Рената Младеновска, новата директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат

Редакција