Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
Во западните делови повремено ќе биде значително облачно и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец, кој попладне на места ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.