еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Хакерски напад на веб страните на Народна банка и домашни банки, доверливоста на податоците не е доведенa во прашање

Вчеравечер, кус временски период беше отежнат или блокиран пристапот до веб-страниците на Народната банка и домашните банки, како резултат на ДДоС напад, информираат од Народна банка (НБ).

“Ова беше надминато во најкус рок преку мерките кои беа преземени од страна на Народната банка, банките и веб-провајдерите. Безбедноста, односно доверливоста и интегритетот на податоците, во ниту еден момент не беше доведенa во прашање.

ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни клиенти од различни локации се преправаат дека сакаат да добијат информации од страницата, поради што серверот се преоптоварува и му треба повеќе време за да одговори на барањата од реалните корисници.

Но, во ваков случај ниту се исклучува сервисот, ниту пак се менува содржината на веб-страницата.

Во согласност со глобалните трендови, Народна банка, заедно со банките, постојано работи на зајакнување на отпорноста на информативните системи, ги следи новите закани поврзани со дигиталниот простор и континуирано презема мерки во насока на унапредување на сигурносните заштити“, велат од НБ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е „Моќна грчка армија„ која ги хакирала сајтовите на македонските банки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиевски осуден на две години условна казна во предметот „Дизајн”

Редакција

Како го поминав Ковид-19, со примени две дози на вакцина

Силвана Жежова

Нов заменик-градоначалник на Арсовска е Александар Трајановски, советник од ГРОМ

Редакција