еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ги повика македонските државјани да ја напуштат и Русија

Министерството за надворешни работи упати апел до нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да заминат од земјата и да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја.

Како што се наведува во соопштението од МНР, предупредувањето следи поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија, со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, за затварање на Европскиот воздушен простор за руските авиопревозници.

Соодветно, се повикуваат сите државјани на Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

Министерството за надворешни работи на Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби, велат од таму.

За поддршка на државјаните на Македонија кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата:

+ 74 99 124 33 57 (фиксен)

+ 79 58 643 34 63 (мобилен)

е-mail: [email protected]

[email protected].

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected].

-Воедно ги известуваме сите нашите граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од нашата држава, да ги следат и да се информираат само од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва.

Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Русија и навремено ќе информира за евентуални дополнителни насоки за постапување на нашите државјани, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа го затвора воздушниот простор за сите руски авиони, најави Фон дер Лајен

Забранет влез за руските авиокомпании во воздушниот простор на Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протестот за „Монструм“ заврши, дел од учесниците се обидоа да предизвикаат инциденти

Редакција

„Ле Соар“: Аерозагадувањето од западниот Балкан го загрозува здравјето и на граѓаните на ЕУ

Редакција

Починаа нови шест пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 222

Редакција