Европратениците во огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата со која се бара да и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Резолуцијата е донесена со само 13 гласа против и 26 воздржани, додека 637 гласаа за на вчерашната вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент.
Со ова европратениците испраќаат јасен сигнал до Украина, но и до Русија, дека Киев има целосна поддршка од единственото демократски избрано тело во Европската Унија.
Претседателот на Европскиот Совет побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ.
Бројни европратеници порачаа дека е итно и Молдавија да го добие овој статус.
Конечната одлука за нови земји членки ја носи Советот на ЕУ, односно земјите членки.
До сега земјите од истокот на Европа не биле дел од процесот на проширување и на стабилизација и асоцијација. Европската Комисија ќе треба наскоро да се произнесе за иднината на Украина во ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Да не треба Русија да не нападне за да Македонија добие датум за преговори
Осум членки на ЕУ бараат Украина веднаш да влезе во ЕУ, меѓу нив и Бугарија
Зеленски официјално потпиша барање Украина да биде членка на ЕУ
МИА