еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР за твитот на Украинската амбасада: Учеството во која било странска војска е кривично дело

Од Министерството за надворешни работи велат дека како земја пријател на Украина, имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.

Министерството за надворешни работи во денешното соопштение ги потсетува граѓаните на Македонија дека учеството во која било странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

-Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми, се наведува во соопштението од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската Амбасада бара доброволци од Македонија да војуваат во Украина, учеството во странска војска кај нас е кривично дело

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за вработување вработува раководители во неколку градови, плата од 28.277 денари

Редакција

Во Дојран има шест активни случаи на Ковид-19, во Гевгелија еден

Редакција

10 нови случаи на Ковид-19 во Делчево, шест во Берово

Редакција