Хрватската Влада денеска објави соопштение откако во Загреб ноќеска се урна беспилотно летало.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во Париз на состанокот на лидерите на ЕУ за ситуацијата во Украина, денеска и се обрати на јавноста, наведувајќи дека се работи за летало од руско производство.
A “plane” crashed in front of student dorm in Zagreb.
They say that one guy parachuted and landed near the area, and so far we know, no one is injured. pic.twitter.com/xG5hKTg352— Tomo Rajic (@Heavengo_01) March 10, 2022
„Според она што сега го имаме како информација, се работи за авион од руско производство. Не се знае дали бил во сопственост на руската или украинската армија“, изјави Пленковиќ.
„Се знае дека во Хрватска дошла од правец на Унгарија, а во Унгарија од правец на Романија. Знаеме дека неколку минути ја прелетала Хрватска и паднала во Загреб. Добро е што никој не е повреден и паднал на дел што не е ниту куќа ниту зграда.
Надлежните служби спроведуваат истрага“, изјави хрватскиот премиер.
„Во тек е криминалистичка истрага во соработка меѓу криминалистичката полиција и воената полиција, а се преземаат и други мерки за координација на безбедносниот и одбранбениот систем, вклучително и меѓународната соработка, особено со НАТО, за да се утврдат сите околности”, наведоа од Владата на Хрватска.
🇭🇷 Unidentified flying object crashing in the capital of Croatia. Object that fell looks like a part of an aircraft engine. Crater is 3m wide and 1m deep.#Zagreb #Croatia pic.twitter.com/ArxsNVKmEo
— Based 🇫🇮 (@Based_FIN) March 11, 2022
Претходно беше објавено дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило и експлодирало.
Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага.
Засега полицијата нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.
МИА/Видео: Твитер