еМагазин
Image default
Локално

Поради физички напад врз сопругот, во Делчевско приведена 32 годишна жена

По семејна расправија која се случила помеѓу брачни сопружници во делчевско село, приведена е триесет и две годишна жена од Република Албанија.

Случајот го потврдија од делчевската полиција и посочуваат дека жената ја товарат за физички напад врз нејзиниот сопруг.

-Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 15.03.22 ја лишиле од слобода С.Ѓ.(32) од Република Албанија, со место на живеење во делчевско село, затоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг, се вели во соопштението од полицијата.

По комплетирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хоспитализирани уште две деца со мали сипаници: Моментално болни 20 деца и двајца возрасни

Редакција

Уште една трагедија: Пронајдено мртво момчето кое сакало да се разлади во Вардар

Редакција

Посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје денеска и утре

Редакција