еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст од 6,1% на депозитите во февруари, а кај кредитите за 8,9% на годишно ниво

Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 процент на годишна основа, што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата, информираат од Народната банка.

На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на домаќинствата.

Кај кредитите се бележи раст од 8,9 проценти на годишно ниво како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, но повеќе изразено кај корпортивниот сектор. Кај кредитите има зголемување и на месечно ниво од 0,9 проценти.

Потрошувачките кредити за физичките лица се зголемени за 7,2 проценти на годишно ниво, а станбените кредити за 15,5 проценти. Намалување има кај автомобилските кредити од 15,6 проценти и кај кредитите одобрени на кредитни картички за 5,7 проценти на годишно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на вредноста на акциите на најсилните компании на Македонската берза

Редакција

(Видео) МВР откри „шума“ со марихуана во Демир Капија: Стебла високи до 4 метри

Редакција

Бугарија донесе Декларација со која бара заедничко чествување на историски настани со Македонија

Редакција