еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

“Падна“ Мариупол, градоначалникот изјави дека градот е во рацете на руските сили

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили по неколкунеделната опсада.

– Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на Русите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен.

Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина на 24 февруари.

– Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Бојченко.

– И навистина е страшно, додаде тој.

Си-Ен-Ен истакнува дека не е познато дали се уште има борби во градот.

Украинските власти тврдат дека руските сили спречиле хуманитарни конвои безбедно да се приближат или да излезат од градот.

– Потребна ни е целосна евакуација од Мариупол, рече Бојченко.

– Нашата најважна мисија денес е да го спасиме секој живот… И има надежи дека ќе успееме. На пример, има 26 автобуси кои треба да одат до Мариупол за да евакуираат, но за жал, тие не добија дозвола за движење, појасни градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+Фото) Улиците на Мариупол се претворија во гробишта

Видео од улиците на украинскиот град Мариупол го покажува ужасот на војната

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени се осум болни од Ковид-19

Редакција

Наместо гаранции, предупредување од ЕУ за изолација на Македонија ако не ги усвои уставните измени

Редакција

Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Редакција