Јордан Ѓоргиев (22) призна вина за предизвикување на сообраќајната несреќа кај Сити Мол, во која загина 24-годишната Викторија Николова, а нејзиното момче Леонид Даов беше повредено.
На денешното судско рочиште, Ѓоргиев изјави дека „кога би можел да го врати времето, би се сменил со трагично загинатата Викторија Николова.“
„Изразувам сочувство до семејството на покојната. Од тој ден немам ниту еден миг раат, многу сум вознемирен. Сакам да можам да сменам нешто за тој ден. Доколку би можел, би го сменил местото со загинатата,“ изјави Ѓоргиев.
Адвокатот на Ѓоргиев изјави дека тој несреќата не ја сторил со умисла, туку од невнимание.
Обвинителот Мишо Илиевски на судот му предложи, Ѓоргиев да добие забрана за управување со моторно возило.
Пресудата ќе биде изречена на 11 април, а Илиевски изјави дека се надева „правдата да биде задоволена, заради превенција од ваков криминалитет.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одобрено обвинението за сообраќајката кај Сити мол