еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Украинците тврдат дека го погодиле со проектил: Потона „Москва“, главниот брод на руската Црноморска флота

Рускиот воен брод „Москва“ потона при враќањето во пристаништето во бурно време поради експлозија и пожар, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Претходно, информираше дека бродот е тешко оштетен при пожар.

Според Киев, до пожарот дошло, откако украински сили испукале проектил кон бродот.

Максим Марченко, лидер на регионот Одеса, изјави дека крстосувачот „Москва“ бил погоден од две противбродски ракети „Нептун“.

„Москва“, во првите денови од инвазијата, учествуваше во нападот врз Змискиот остров во Црно Море, во близина на границата со Романија, кога беа заробени 19 членови на украинската морнарица, а подоцна беа разменети за руски затвореници.

Се тврди дека 510 членови на екипажот, биле евакуирани.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана/видео:World News Today

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот се намалува за три, бензините за два денари

Редакција

Околу 2.500 деца ја развиваат љубовта кон книгата и читањето со проектот „Нашата мала библиотека“

Редакција

Денеска околу сто нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести

Редакција