еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СОНК вечер носи конечна одлука за прекин на штрајкот

По постигнатиот договор меѓу Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), денеска треба да биде донесена конечна одлука за прекин на штрајкот. Одлуката ќе биде донесена по консултациите што раководството на СОНК треба да ги направи со членството по што од утре се очекува учениците повторно да се вратат во училишните клупи по двонеделен прекин.

Раководството на СОНК и Владата вчера постигнаа договор за зголемување на платите од 12 проценти со јулската плата, а средствата ќе бидат обезбедени со релабансот на Буџетот.

Според Владата, зголемувањето на платите од 12 проценти нема да претставува ризик од дополнителна инфлација и нема да се одрази на нормалното сервисирање на обврските од Буџетот.

На состанокот, на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и министрите за труд и социјална политика и за образование и наука, Јованка Тренчевска и Јетон Шаќири, е договорено и креирање нова методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на годинава, а ќе се применува од 2023 година и ќе биде дел од општиот колективен договор.

Како предмет на усогласување на гранскиот колективен договор ќе биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, којшто ќе почне да се исплаќа од следната година.

Постигнатиот договор го поздравија и од Сојузот на средношколци. Оттаму изразија задоволство што двете страни го го послушале апелот и што постигнале компромис.

Штрајкот во основното и средното образование и детските градинки почна на 11 април. СОНК бараше веднаш зголемување на платите за 18,4 проценти и усогласување на останатите плати со минималната плата. Владата првично предложи зголемување на платите од 10 проценти, но овој предлог не беше прифатен од страна на СОНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Учениците се враќаат на училиште најверојатно од среда: СОНК и Владата се договорија за зголемување на платите од 12%

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тримесечното бебе починало од крварање во главата: Скопјанец до смрт го претепал синот

Редакција

Бугарија од 2006 не спровела ниту една одлука на Судот за човекови права за македонското малцинство

Редакција

(ВИДЕО) Упад во Парламентот, солзавец, запалени полициски возила: Протест во Белград поради враќање на полицискиот час

Редакција