еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Попладне локален дожд, од утре посвежо со повремени врнежи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, претежно на јужниот и источниот дел од земјава.

Ќе дува умерен северен ветер што долж Повардарието ќе засилува, а максималната температура ќе биде од 18 до 27 степени.

Според УХМР, северниот ветер утре, долж Повардарието, ќе продолжи да засилува. Температурата ќе се намали за неколку степени.

Потоа следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воведени се три нови типови на инсулин, еден од нив наменет за децата

Редакција

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

Редакција

(Фото) Талат Џафери ја омажи ќерката

Редакција