еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија ја повика Европа да најде фер компромис, но тие не сакаа да не слушнат, рече Путин во говорот на воената парада во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин го одржа својот традиционален говор за Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва порачувајќи им на руските борци дека сега се борат за безбедноста на Русија.

Тој исто така им го честиташе денот на „големата победа“ на ветераните.

Денот на победата ја слави победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Како што пренесе Би-Би-Си, Путин во својот говор нагласи дека руската „специјална воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува инвазијата, била неопходна и „навремена“ мерка.

Тој рече дека тоа е „правилна одлука“ на независна, силна, суверена земја.

Рускиот претседател наведе дека во текот на изминатата година имало тензии со другите европски нации и со НАТО.

– Русија ја повика Европа да најде фер компромис, но тие не сакаа да не слушнат, рече тој и додаде дека се подготвува „казнена операција во Донбас, источна Украина, каде што сега се фокусирани руските операции“.

– Во Киев велеа дека може да добијат нуклеарно оружје и НАТО почна да ги истражува териториите блиску до нас и тоа стана очигледна закана за нашата земја и за нашите граници. Сè ни кажуваше дека има потреба да се бориме, рече Путин.

Путин повика на едноминутно молчење за Русите убиени во Втората светска војна, но и за „војниците кои се борат за Русија во Донбас“.

По говорот, рускиот претседател доби аплауз од припадниците на руската војска на Црвениот плоштад, се интонираше руската химна по што следуваше и топовска стрелба.

Иако многумина очекуваа, Путин не најави ништо големо во неговиот говор по повод Денот на победата над фашизмот.

Сепак, како што коментира Би-Би-Си, во своето обраќање лидерот на Кремљ повторно се обиде да ја оправда руската инвазија врз Украина, велејќи дека НАТО и Украина создаваат закани „неприфатливи за нас“ на руските граници.

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ се бори против аерозагадувањето – како членството ќе ѝ помогне на Македонија

Редакција

Маж од Свети Николе починал откако се обидел со кабли да го стартува возилото

Редакција

Постои опасност да побегне и да го повтори делото: Апелација одлучи Боки 13 да остане во притвор

Редакција