еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија најави дека ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО

Русија денеска предупреди дека ќе мора да преземе „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска да стане членка на НАТО.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека пристапувањето на Финска во НАТО „ќе предизвика сериозна штета на руско-финските односи, како и на стабилноста и безбедноста во северна Европа“.

„Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори од воено-техничка и од друга природа, со цел да ги запре заканите за нејзината национална безбедност што се појавуваат во овој поглед“, се вели во соопштението.

Финска, иако има право да одлучува за начините за обезбедување на сопствената безбедност, „мора да биде свесна за својата одговорност и за последиците од таквиот потег“, додаваат од МНР на Русија.

Министерството ја обвини Финска дека ги прекршила претходните договори со Русија, со која дели копнена граница долга 1.340 километри, со намера да се приклучи на НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва: Влезот на Финска во НАТО е дефинитивно закана за Русија, ќе има адекватен одговор

Финска ќе аплицира за членство во НАТО без одлагање

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 почна 42-годишна докторка од Кумановската болница, била примена со ниска статурација, а имала и хронични заболувања

Редакција

Владата го менува Кривичниот законик: Нови санкции за говор на омраза

Редакција

Видео кое го потресе светот: Дете сака да умре поради булинг на училиште

Редакција