еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија 28-ма по извоз на вино во светот, 173-та по увоз

Македонија е на 28 место во светот според извозот на вино, а на 173-то според увозот, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com.

Минатата година од извозот на вино земјава реализирала 52,4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки.

Вредноста на македонскиот увоз, пак, лани достигнал 699.000 долари што е 0,002 процента од извозот во светот.

Според „Worldstopexports“, светски лидери во извозот на вино се Франција, Италија, Шпанија, Австралија и Чиле со реализирани од две до 10,3 милијарди долари, а најголеми увозници се САД, Велика Британија, Германија, Кина и Канада, со остварен увоз од 1,9 до 6,2 милијарди долари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Масовна миса со над 5.000 католички свештеници по улиците на Њујорк за подршка на Израел

Редакција

Дизелот поскапува за 2 денари, цените на бензините остануваат исти

Редакција

Апанажата на разрешените функционери пред укинување – Уставен поведе постапка

Редакција