еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Скандалозен крај на преговорите: СПЦ ја врати МПЦ-ОА во 1959 година, објави религија.мк

Скандалозен крај во преговорите меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква (СПЦ). Соборот на СПЦ ја врати Македонската црква во автономен статус од 1959 година. Она што е скандалозно е што Соборот на СПЦ таквата одлука ја донел, како што вели по барање на Синодот на МПЦ-ОА, објави религија.мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Соборот на СПЦ прогласи канонско единство со МПЦ-ОА

Со други зборови, САС на МПЦ-ОА испратил барање до СПЦ во кое го прифаќа канонскиот статус доделен во 1959 година.

Дополнително скандалозно, ако е точно дека МПЦ-ОА на тоа се согласила, е што за иден автокефален статус треба да има сеправославнна согласнот од сите цркви, што практично значи можност за вето, пишува религија.

-Примајќи го актот од Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со кој таа го прифаќа општопризнатиот канонски статус, доделен во 1959 година, од страна на Севтиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква и во кој изразува надеж дека СПЦ братољубиво ќе го решава и реши прашањето за нејзиниот конечен канонски статус, за кој треба да следи и сеправославна согласнот за прифаќање на тој статус, Светиот Архиерејски Собор одлучи:

Со благодарност во Господа и со радост Соборот го поздравува прифаќањето на општопризнатиот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија, односно полна внатрешна самостојност, доделен уште во 1959 година“.

Бидејќи со ова се отклонети причините за прекин на богослужбеното и канонско општење, причинети поради еднострано прогласената автокефалност во 1967 година, се воспоставува полно литургисоко и канонско општење.

Воспоставувањето на единството на канонска основа и под услови на важење на канонскиот поредок на целото подрачје на СПЦ, дијалогот за идниот и евентуално коначен статус на епархиите во Северна Македонија не само што е можен, туку е и целосходен, легитимен и реален.

Во дијалогот за неговиот иден и евентуално коначен канонски статус СПЦ ќе се раководи само и исклучиов од еклисиолошко-канонските и црковно-пастирските начела, мерила и норми, незамерувајќи ги „реалполитичките“, „геополитичките“ и „црковнополитичките“ и други слични дадени работи за еднострани иницијативи и не подлегнувајќи на никакви влијанија, или притисоци.

И на крајот, Соборот нема намера да по решавањето на статусот да ја условува новата сестринска Црква со ограничувачки клаузули во поголед на опсегот на нејзината јуриздикција во матичната држава и во дијаспората, со препорака истото прашање за своето званично име го решава во непосреден братски дијалог со гркофонските и останатите помесни цркви, пишува во одлуката на Соборот на СПЦ.

ШТО ПРАКТИЧНО ЗНАЧИ ОВАА ОДЛУКА НА СПЦ?

Како и што се предвидуваше, СПЦ нема никаква намера да отстапи од епархиите во Македонија и ја враќа МПЦ-ОА како Автономна црква во СПЦ, без притоа да се знае кога и дали воопшто МПЦ-ОА ќе добие некогаш автокефалност.

Оваа одлука практично е многу полоша и од Нишкиот договор од 2002 година, бидејќи во нејзе пишува дека МПЦ-ОА се согласила дека за конечниот статус за автокефалност ќе мора да одлучува општ православен консензус. Со други зборови МПЦ-ОА сама се сгласува со поставување вето од која било црква, пишува религија.мк.

Во евентуално иден ваков развој на настаните МПЦ-ОА никогаш нема да дојде до автокефалност, а и некогаш да дојде нема да има никакво право на името Охридска Архиепископија, затоа што Бугарската црква со такво име нема да се согласи. Евентуално идно име на МПЦ-ОА би било Православна Црква на Северна Македонија.

Оваа одлука е опасна затоа што, практично СПЦ ја замени ПОА со МПЦ-ОА. Тоа значи дека ПОА и Јован Вранишковски во сите овие 20 години биле во право, а МПЦ на погрешната страна која предизвикувала расколи.

Со оваа одлука Архиереите на Синодот на МПЦ-ОА стануваат дел од Соборот на СПЦ и ќе учествуваат во него.

Она што е искулчително опасно во целата ситуација е што Соборот на СПЦ вели дека таа одлука ја носи по барање на Синодот на МПЦ-ОА. Владиците на македонската црква се должни да објаснат кога, од кој, и како се согласил на автономија, кој го испратил писмото и зошто е тоа барање? Зошто е фрлена во вода жртвата на генерации автокефалисти дадена за иднината на оваа црква.

Како и што предвидуваше религија.мк во одлуката СПЦ се обидува да игра на емотивната карта. Наводно дозволувајќи и на МПЦ-ОА да се именува како сака и како сака да комуницира со останатите цркви, со што сака да предизвика нови поделби и расколи во македонската јавност.

Од оваа одлука, веќе нема дилема колку била важна одлуката на Вселнската патријаршија да го реши канонскиот статус на МПЦ-ОА пред оваа одлука.

ШТО ПОНАТАКА?

Оваа одлука на СПЦ има само една позитивен елемент, ако може да се толкува така. Тоа е што се согласува дека МПЦ-ОА веќе не е расколничка црква.

МПЦ-ОА, на оваа оваа одлука треба да одговори токму во тој дух. Да се заблагодари што СПЦ препознала дека МПЦ-ОА е канонска исправна црква и да посочи дека нејизниот канонски статус е решен со одлуката на Вселенската Патријаршија и дека МПЦ-ОА, во периодот до конечно решавање на автокефалниот статус, останува во организационата структура како и досега како автокефална црква. На литургиите прв ќе го споменува Вселенскиот патријарх, и потоа сите останати по редот од диптихот како и досега, пишува религија.мк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шекеринска нема да биде дел од новата Влада

Редакција

Нема да се зголемуваат цените на патарините

Редакција

Меџити и Коџаџику од ДУИ станаа независни пратеници

Редакција