еМагазин
Image default
Бизнис

Владата го усвои законот со кој ќе се обезбеди финансиска поддршка за изградба на останатиот дел од автопатот Скопје-Блаце

Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот за автопат од Скопје до границата со Косово кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

– Целта на овој Предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската поддршка за проектот, односно изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, во должина од околу 10, 5 километри со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво, информира попладнево владината прес-служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку изнесуваат примањата на менаџментот на Реплек лани

Редакција

Струмичката „МКМ Ауто“ го доби тендерот на Основниот суд Скопје 2 за набавка на возило вредно 32.500 евра

Редакција

Државниот инспекторат за земјоделство вработува 20 лица, плата до 29.941 денар

Редакција