Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денеска, официјално ја поднесоа интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, информираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“.
„Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој то се случува во Собранието, а е под директива на Џафери и како резултат на се почестото кршење на Деловникот, како и самоволието кое што го спроведува Џафери во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција.
Во досегашната работа, односно неработа на Талат Џафери, како претседател на Собранието, како никогаш досега не се случувале скандали и понижувања на пратениците само заради тоа што очигледно Џафери дефинитивно не сака или не знае капацитетно да води една демократска институција.
Ги повикуваме сите пратеници од овој парламентарен состав да се приклучат кон оваа интерпелација и заедно сите да ставиме крај на овој човек кој што си ја има присвоено оваа функција и се однесува како да има право да вреѓа, да пцуе, да омаловажува и да заклучува пратеници.
Апелираме до пратениците од СДСМ и мнозинството дека сега е моментот, кога треба да се стават настрана партиските договори и да застанат во одбрана на, пред се човековите права, а потоа и во одбрана на Собранието на Република Македонија. Во спротивно, доколку не ја поддржат оваа интерпелација ќе покажат дека, не само што го оправдуваат ваквото однесување на Џафери, туку и дека се дел од него.
Му порачуваме на Тала Џафери да ја стави оваа интерпелација на пленарна седница, а не како предходната да ја крие во фиока и доколку смета дека работи одговорно да даде аргументи пред целата јавност, а доколку повторно избега и не ја стави на седница ќе даде до знаење нема ни грам одговорност кон функцијата што ја извршува“, рече Мицевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако ги заклучи пратениците, од Кабинетот на Џафери тврдат дека не го прекршил Деловникот
(Видео) Нови тензии во Собрание: Џафери ја заклучи вратата на салата и ги исклучи микрофоните