еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Рекордни цени на горивата: Бензините ќе се продаваат за 104 и 106,50 денари за литар

Со оглед дека вечерва на полноќ истекува времетраењето на намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати (Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата и Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат во сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96 проценти.

Како што соопштија од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), малопродажната цена на бензинот „Еуросупер БС-95“ се зголемува за 9 денари за литар, додека на безоловниот бензин „Еуросупер БС-98“ се зголемува за 9,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот се зголемува за 9 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин „еуросупер БС – 95“ за 104,00 (денари/литар), моторен бензин „еуросупер БС – 98“ за 106,50 (денари/литар), дизел гориво  95 (денари/литар).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на горивата ќе се зголеми за околу 10 денари, ако Владата не ја продолжи антикризната мерка за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 10% при промет на енергенси

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Молдавскиот стана романски јазик

Редакција

Државниот инспекторат за техничка инспекција вработува пет лица, плата до 29.693 денари

Редакција

„Гранит“ ја зголеми добивката

Редакција