еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Средба Пендаровски-Милановиќ во Охрид: Искрена и јасна хрватска поддршка за македонските евроинтеграции

Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Како што информираат од Кабинетот на Прендаровски, на средбата било констатирано дека севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Хрватска се карактеризираат со отворен и пријателски дијалог на сите нивоа, без отворени прашања, со одлична соработка на регионален и мултилатерален план, со акцент на сојузништвото во НАТО.

Двајцата претседатели разговарале за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија, како и за економските предизвици предизвикани од руската инвазија врз Украина.

Претседателот Пендаровски потенцирал дека Хрватска е еден од најголемите поддржувачи на нашата евроинтеграција и се заблагодарил за искрената и јасна хрватска поддршка, при што двајцата претседатели порачале дека деблокадата на Македонија е предуслов за стабилноста на регионот и на Европа.

На средбата, како што се посочува во соопштението, е разговарано и за положбата на македонската заедница во Хрватска и хрватската во Македонија, при што било нагласено дека правата на малцинствата во двете земји се на високо ниво и била изразена подготвеност за нивно дополнително унапредување.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како помина првото издание на Фестивалот на македонскиот автомобилизам

Редакција

(Галерија) Најубавите маски на Струмичкиот карневал

Редакција

Активни два пожари во Македонија, под контрола три

Редакција