Генералниот секретар на Демократскиот сојуз (ДС) и актуелен заменик-министер за локална самоуправа, Зоран Димитриевски вечерва најави дека ДС ќе ја напушти владината коалиција доколку биде прифатен францускиот предлог.
На гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Димитриевски прашан дали ќе излезат од Владата доколку таа го прифати францускиот предлог одговори потврдно.
– Кратко речено „да“. Затоа го охрабрувам премиерот утре или кога ќе оди во Брисел да каже „не“ за овој предлог. Доколку каже „да“ и доколу рамката помине и ја одржиме првата конференција со сликање, Демократскиот сојуз ќе ја напушти Владата, рече Димитриевски.
Тој вели дека како коалициски партнер немале никакви детали за предлогот, кој смета дека е најлош, освен во делот на јазикот.
И лидерот на ЛДП, Горан Милевски најави дека ќе поднесе неотповиклива оставка од функцијата министер за локална самоуправа доколку биде прифатен францускиот предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОМ ќе ја напушти Владата ако се прифати „францускиот предлог“
Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог
МИА