еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Мишел: Западен Балкан е приоритет за ЕУ – ќе внесеме нова енергија во процесот на интеграција

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел пред самиот почеток на Самитот на ЕУ, денеска истакна дека Унијата е пред важен одлучувачки геополитички момент, бидејќи ќе се носат одлуки во полза на стабилноста и просперитетот.

Тој изрази уверување дека на Самитот на ЕУ ќе биде донесена одлука за кандидатскиот статус на Украина и Модлавија, како и јасна европска перспектива за тие две земји и Грузија.

-Имаме важен состанок со лидерите на Западен Балкан и постои желба да внесеме нова енергија во нашиот процес. Во моментов имаме проблем во Бугарија и се обидуваме да ставиме предлози на маса за да можеме што поскоро да ги почнеме пристапните преговори со Македонија и Албанија. Тоа е нашиот главен приоритет сега и ќе направиме се за да напредуваме во тоа, изјави Мишел.

Мишел, исто така, кажа дека сите напори што БиХ ги презема на патот кон ЕУ имаа позитивни ефекти за намалување на тензиите и дека ЕУ ќе направи се за да ги направи институциите во земјата функционални.

-Овој самит е од геополитичко значење, бидејќи ќе носиме одлуки во корист на стабилноста и просперитетот. Западниот Балкан е приоритет за нас и ќе се посветиме на внесување нова енергија во процесот на интеграција, нагласи Мишел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борел: Денеска не е добар ден, поради Бугарија неможеме да отвориме преговори со Македонија и Албанија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Депеш мод“ со нов албум

Редакција

Супервештачењата за несреќата кај Ласкарци денеска во Кривичен суд

Редакција

(Аудио) Во нова „бомба“ за Заев се споменува адвокатот Димишков

Редакција