еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Влада: Пристигна предлог од француското претседателство

До Владата преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови, информираат од Владата.

-Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.

Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани.

Сакаме да упатиме благодарност до претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон од Мадрид: Најдовме решение за Македонија и Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Битола падна 7-ка на „Лото“ вредна половина милион евра

Редакција

Нето-платата во јануари 43.050 денари

Редакција

Отворени пунктовите за вакцинација против сезонски грип

Редакција