еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Мишел: Имаме решение за старт на преговорите со Македонија, сега е време да се каже да

Го поздравувам решението на француското претседателство со ЕУ за договор што ќе го отвори патот за старт на пристапните преговори со С.Македонија, објави попладнево на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Решението се однесува на изразените загрижености. Најблиску сме од кога и да сме биле досега: Сега е време да се каже да, додава Мишел во твитот.

Владата попладнево соопшти дека преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигнал предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови.

– Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата, се наведува во соопштението владината прес-служба.

Претходно на прес-конференција на Самитот на НАТО во Мадрид, и францускиот претседателот Емануел Макрон изјави дека е уверен оти е најден добар договор помеѓу Скопје и Софија за отворање на првите поглавја од преговорите со С.Македонија и Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: На маса е финален компромис кој треба да биде прифатен од двете страни

Влада: Пристигна предлог од француското претседателство

Мишел: За Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија регрутирала 280.000 војници во својата армија годинава

Редакција

ЕЛЕМ распиша нов тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола тежок 4,7 милиони евра

Редакција

„Соравија“ на извршителска продажба, за да учествувате ви требаат минимум 22,4 милиони евра

Редакција