еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж се удави во Охридското Езеро

Шеесет и шест годишно лице вчера попладне е пронајдено без знаци на живот во водите на Охридското Езеро во близина на автокампот „Ас“ кај Струга.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, посочувајќи дека телото било забележано од капачите на плажата.

Според првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство.

Екипа на Струшката брза помош интервенирала на лице место, при што, како што посочија, лицето немало знаци за живот.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител и медицинки тим.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највредниот договор за јавна набавка без оглас лани го добила бугарската фирма Actael N Ltd

Редакција

(ВИДЕО) Каков имот има Џеф Безос, најбогатиот човек во светот: Авион, апартмани, скапи возила…

Редакција

Во Охрид продолжува судењето за напаѓачите на Пендиков

Редакција