еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за лицето кое пукаше на плоштадот „Скендербег“

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик против Е.Ј.(40) од Скопје.

Како што информира МВР, по преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, лицето беше лишено од слобода вчеравечер (06.07.2022) во 20.10 часот, бидејќи околу 19.40 часот, во текот на одржување на јавен сoбир на граѓани  организиран преку социјални мрежи, за време на инцидент на плоштадот „Скендербег“ на бул.„Гоце Делчев“, извадил пиштол „Walter P99“, кој го поседувал со дозвола и испукал во воздух.

-Пиштолот му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, за што во соработка со ОЈО Скопје лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Цела снимка од инцидентот кај Скендербег

Обвинителството бара притвор за мажот кој пукаше кај плоштадот Скендербег

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членовите на Комисијата за јавни наддавања не сториле кривично дело, смета одбраната во случајот „Топлик“

Редакција

Владата одлучи: Со одредени исклучоци, се укинува носењето маски во затворeни простории

Редакција

8-месечно бебе почина при транспорт од Прилеп до Скопје

Редакција