еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

Мојот дедо Петар, чие име гордо го носам, не успеав да го запознаам. Загина во борбата против фашистите. Многу сум горд што бил на страната на доброто, а неговата битка, по се изгледа, во 21. век, децении потоа, се уште не е завршена.

Но, знам од баба ми како Бугарите за време на окупацијата на Македонија ги тепале децата во училиште за да зборуваат на бугарски, ама не успеале да ги асимилираат, во време кога сме немале држава.

Ги мачеле, убивале, малтретирале… Ама не успеале да не направат на сила Бугари. Фала Богу, денеска се живи многу дедовци и баби, кои можат да посведочат за злосторствата.

Сега имаме држава и истите тие Бугари, кои се уште не ни се извиниле за нивните убиства и злодела, дури и се осудуваат да не нарекуваат „браќа“, се уште сакаат да не асимилираат, ама пак нема да им успее. Браќа не убиваат браќа!

Ај, Бугарите убаво ги знаеме, безуспешно не замараат со векови, ама неможам да ги разберам членките на ЕУ, (нема да кажам Европејци, бидејќи и ние сме, им се допаѓало тоа или не) кои го подржуваат тоа. Тоа ли се европски вредности, да подржуваш малтретирање и укинување на народ?

Нема дилема, ретко кој е против ЕУ, ама не ваква.

„Францускиот предлог“, нека си го закачат на ѕид за да еден ден ги потсети како не треба и да им каже колку тие немаат никаква врска со основни вредности, а камоли со нешто повеќе. И колку се фејк.

Ако не беше војната во Украина, немаше ни да бидат толку растрчани сега да не убедуваат да прифатиме нешто што не е прифатливо. Ако толку не сакаа во нивниот клуб имаа до сега повеќе од 17 години да го направат тоа.

Ја жалам Украина, се надевам до сега сфатиле со кој си имаат работа. Да се кладиме дека на крај од оваа страшна и непотребна војна, со многу загинати и срамнети градови и села (за која ако сакаме да бидеме чесни, се виновни колку и Русите), ќе ги убедуваат да се откажат од територии, а за влез во ЕУ ќе чекаат со децении, како и ние, а можеби никогаш нема да станат членка, како и ние.

Како и да е, тоа е проблем на Украина, нашиот проблем ние треба да си го решиме. Ама ич не ме интересира што бараат Американците, ни па Германците, ни па Макрон, на кој и Французите не му веруваат.

Ние си имаме своја суверена држава, и актуелната власт треба така да однесува.

И да, власта да престане со манипулациите и заплашување на сопствениот народ, не Ви проаѓа тоа, нели гледате, и слушнете го народот, кој ве плаќа.

Еве за почеток пред јавноста да ја каже вистината, дека македонскиот јазик и понатаму ќе биде спорен, ако го прифатиме овој предлог, и дека за да стане македонскиот службен јазик на ЕУ еден ден пак ќе одлучува Бугарија. Со овој предлог е само за превод на документи.

И да го објават контроверзниот Протокол. Се што треба да објават и да ја почитуваат јавната дебата, а не да ги напаѓаат побројните неподржувачи на „францускиот предлог“.

Така треба да се однесува власт која ја сака својата земја и својот народ.

И на крај и тие да кажат НЕ, како што би кажале дедо ми и баба ми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Елена Ристеска: Во овие тешки моменти македонската химна треба да ечи насекаде

(Видео) Весна Петрушевска од пред Собрание: Макрон, Македонка сум, ако не разбираш ќе ти преведеме

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд не поведе постапка за членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија

Редакција

Како било лекувано момчето од Берово: ДСЗИ го објави извештајот

Редакција

Koja e Вјолца Бериша, кандидат за заменик министер за земјоделство на Алијанса за Албанците

Редакција