Бугарскиот претседател, Румен Радев, не е задоволен од напишаното објаснување на македонскиот премиер Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил во врска со изјавата чие е Илинденското востание.
Според Радев, тоа што го напишал македонскиот премиер Заев не е извинување како што тврдат бугарските медиуми.
„Вие слушнавте ли дека има извинување? Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не го коригира тоа што го изјави. Не може сѐ да се сведе на политички пи-ар и долгорочно да не се размислува. Ја повикувам Владата на Бугарија да утврди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за добрососедски односи со Македонија“, изјави Радев.
Според Радев, Илинденското востание е бугарско, а според Заев, македонско.
Фото: Влада