еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Американски КФЦ доаѓа во Македонија: Првите ресторани ќе ги отвори во Скопје и Тетово

Првите два ресторана на американскиот бренд КФЦ ќе бидат отворени во Скопје и Тетово на 14 септември годинава, најави сопственикот на лиценцата Фатмир Зимбери на средба со премиерот Зоран Заев.

еМагазин го најави доаѓањето на овој американски бренд уште во јануари.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, американската компанија ќе инвестира повеќе од 10 милиони евра и согласно подготвениот бизнис план планирано е да се отворат повеќе ресторани во земјава со околу 400 нови работени места.

Сопственикот на лиценцата, господинот Зимбери, информирал дека до крајот на годината се планира отворање на вкупно три ресторани во Македонија, со подготвен четиригодишен бизнис план за отворање 15 до 20 ресторани со вкупно 400 вработени.

– Особено сум среќен дека со инвестицијата вредна над 10 милиони евра, ние освен нашите вработени, обезбедуваме партнерство исклучиво со домашни компании од кои се снабдуваме со потребните суровини и намирници, истакнал Зимбери.

Тој додал дека КФЦ како лидер во подготовка и послужување на пилешко месо, веќе има направено анализа на позициите на регионите во Македонија, каде може да се стимулира одгледувањето на кокошки.

Компанијата КФЦ, со седиште во Кентаки, САД е основана во 1991 година и со повеќе од 23.000  ресторани во над 120 држави е втор најголем ресторан за брза храна во светот.

КФЦ е лидер во подготовка и послужување на пилешко месо подготвено на специфични начини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 365 случаи на Ковид-19 од 947 тестирања

Редакција

Пендаровски ќе оди на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

Редакција

Загина 45-годишен маж од Ресен, со возилото излетал од патот

Редакција