еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Градските власти ќе им помогнат на прилепските семејства со опожарените куќи, отворен е повикот за помош

На четирите семејства кои во пожарот предизвикан од гром ги загубија домовите им е понудено привремено сместување, јавните комунални претпријатија расчистуваат и општината ќе помогне со максимална можна финансиска помош. Апелот за помош е отворен до сите добронамерни.

Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој го посети местото на трагедијата, за четирите прилепски семејства по пожарот околу полноќ предизвикан од удар на гром, вели дека сѐ ќе се направи да им се помогне.

-Повикав итна средба со сите релевантни структури и претставници на институции со цел да им излеземе во пресрет на овие семејства на кои им се случи оваа трагедија и се она што го печалеле цел живот го снема за миг.

Јавните комунални претпријатија уште во раните утрински часови со свои екипи се присутни на теренот и ги расчистуваат остатоците од опожарените куќи. Овие семејства ќе бидат ослободени од комунални давачки додека се обновуваат нивните куќи, а Општината ќе помогне со максималната можна финансиска помош предвидена за вакви немили случаи.

На семејствата ќе им биде понудено привремено сместување во прилепскиот интернат „Орде Чопела“ и во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и ќе добиваат топол оброк од кујната.

Упатувам апел до сите општествено одговорни компании, како и до сите хумани луѓе да им излезат во пресрет и да им помогнат на овие семејства да си ги обноват своите домови, затоа што секоја помош е добредојдена, изјави Јовчески.

Седумтемина од четирите куќи не се повредени, но се потресени и останаа на улица по големата трагедија кога околу полноќ по удар на гром на балконот од дедната куќа изби пожар и ги зафати четирите еднодо друго куќи во што изгоре сето што го имаа семејствата. За среќа нема повредени зашто навреме ги предупредиле соседите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Гром изгоре четири куќи во Прилеп, нема повредени, но е голема трагедија за седуммина прилепчани

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новите правила за влез во ЕУ кои важат и за македонските граѓани, со барање одобрение и плаќање такса повторно одложени

Редакција

Паулина Грнарова – основач на старт-ап „DeepJudge“, на престижната листа на Форбс „30 under 30“, за својот продукт базиран на вештачка интелигенција

Редакција

Велигденско послание на г.г. Стефан и Синодот на МПЦ-ОА: Патот кон обновувањето на нашата падната човечка природа почнува со покајанието, проследено со богољубие и човекољубие

Редакција