еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Аудио) „Го ставив во притвор Владимир Атанасовски и два месеци намерно го заборавив“: Протече аудио-снимка во која наводно зборува обвинителката Русковска

Аудио снимка протече на социјалните мрежи, на која наводно обвинителката Вилма Русковска разговара со уште едно лице, а на снимката се споменува името Владимир Атанасовски, за кој се претпоставува дека е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој првостепено е осуден на казна затвор од шест години за организација на настаните од 27 април.

На снимката се слуша дека тој бил заборавен два месеци во притвор.

„Го држев два месеци и го заборавив. Го заборавив, буквално. Не. Го заборавив, намерно. Владимир Атанасовски, го ставив во притвор и го заборавив два месеци,“  се слуша на аудио снимката.

Русковска за телевизија 24 изјави дека се работи за снимка од пред три години, а која била дел од доказите кои бизнисменот Јордан Камчев ги доставил за случајот „Рекет“, но автентичноста треба да ја провери, бидејќи поминало долго време од тогаш.

„Како заборавен? Ние даваме предлог за продолжување на притвор, а Судот оценува дали е основан предлогот за продолжување на притворот. Во тоа време интензивно се работеше на собирање докази за организаторите на 27 април.

Нема шанса некој да биде „заборавен„ во притвор, затоа има заштитни механизми. Ако сум рекла „заборавен“, тоа е во фигуративна смисла,“ изјави Русковска.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Срѓан Керим, Ајдован Адемовски, Валентина Божиновска… бесплатно ќе го советуваат министерот Османи

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува 12 државни службеници, плата до 29.690 денари

Редакција

Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули

Редакција