Седумнаесет деца од Србија се повредени во Бугарија, откако српски автобус излета од автопатот Тракија и се преврте во ендек.
Според Министерството за здравство на Бугарија, на осум деца и на четворица возрасни им е потребна хоспитализација по несреќата.
За среќа нема жртви, но според информациите на бугарските медиуми, на едно од повредените деца, ќе му се изврши ампутација на ногата.
Децата учествувале на фолклорен фестивал во Сончев Брег.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.