еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Новата дигитална технологија за следење на состојбата на лозовите насади станува достапна и во Македонија

Ново современо софтверско решение за мониторинг на состојбата на лозовите насади во реално време станува достапно и за агрономите и производителите на грозје во Македонија.

Се работи за мобилната апликација – 4Grapes, која преку дигитална обработка на податоци од теренот им овозможува на агрономите и лозарите, на брз и едноставен начин, да добијат навремена и јасна слика за тековната состојба на лозовите насади, како и навремено да ја проценат можноста од појава на несакани промени и болести на лозите.

Карактеристиките и придобивките што ги нуди оваа софтверска апликација беа претставени на средбата на тема „Следење на штетници и болести на виновата лоза во тиквешкиот регион“ што се одржа во М6 Едукативниот центар.

Презентацијата беше организирана во рамки на транснационалниот проект „Откривање на руралното наследство: автохтоно производство на ферментирани пијалаци за локална и еколошка одржливост“, во чија реализација е вклучена винарската визба „Тиквеш“, а е финансиран од Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, преку ЕЕА и Норвешкиот фонд за грантови за регионална соработка.

Оваа активност е дел од партнерството што го гради и негува „Тиквеш“ со производителите на грозје, а во чии рамки винарската визба континуирано обезбедува поддршка во форма на стручни совети и едукација во процесот на одгледување и заштита на лозјата, заради воведување на светските стандарди и критериуми за квалитет во лозарството кои се од клучно значење за производството на вина со врвен квалитет.

Според еминетните експерти од оваа област, токму употребата на дигиталната технологија и воведувањето на современи практики во производството на грозје, кои се темелат на научни истражувања и мерења, ќе овозможат подобро да се искористи големиот потенцијал со кој располага Македонија за производство на квалитетни вина со висока додадена вредност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во март дури 54.662 работници не земале плата

Редакција

УЈП ќе ги „чешла“ фирмите поврзани со “Рекет“ и Меѓународниот сојуз на Боки 13

Редакција

Убава вест: Оздравени 17 болни од Ковид-19

Редакција