еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Осум „Грин Машинс“ возила на „Брако“ тргнаа за Велика Британија

Осум електрични возила за одржување хигиена во урбана средина тргнаа од „Брако“ за Велика Британија и во следните денови ќе бидат испорачани до нивните корисници, информираат од компанијата.

Осумте машини се изработени во фабриката „Грин Машинс“ во склоп на „Брако“, во специјална, нестандардна изведба според желбите и потребите на нарачателите и се испорачани во рекордно време од неполни три месеци.

Нарачатели на возилата се општини во Лондон и Глазгов, кои од светската понуда избраа македонски производ за одржување на јавната хигиена на улиците на овие два града.

Британските комунални служби покажуваат голем интерес за возилата „Грин Машинс“, што се покажа и на последниот саем во Бирмингам, каде над 30 британски општини без заинтересирани за перформансите и подетална демонстрација на возилата произведени во Велес, посочуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Весник „Илинден” објави документ од 1942 кој покажува дека во Корча живееле Македонци, а не Бугари

Редакција

Твитер „поцрвене“ за новите случаи: „Дали Антикорупциска е новото СЈО?“

Редакција

Кошулата која Заев ја носеше на седницата на Централниот одбор на СДСМ, хит на социјалните мрежи

Редакција