еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Србија нема да воведе санкции против Русија, додека штетата за земјата не биде преголема

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија засега нема да воведува санкции кон Руската Федерација, додека штетата што и се нанесува на Србија не биде преголема.

– Ова не го правиме само поради поевтина цена на гасот или поддршката во Советот за безбедност во ОН, туку поради меѓународното јавно право и самопочитта затоа што знаеме што ни направија санкциите, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија продолжува по патот кон ЕУ.

Во обраќањето до нацијата Вучиќ изјави дека имало план Унгарија да ја нападне Србија во 1999 година и дека тоа му го потврдил и Виктор Орбан, бидејќи Унгарија го одбила. „Маргарет Тачер му кажала на Орбан дека е разочарана што тоа не е направено“, пренесе Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Планира гасовод и нафтовод и до Македонија, Србија за 24 месеци ќе изгради нафтовод до Унгарија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 139 заболени од корона вирусот од 1.377 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово, Кичево и Штип

Редакција

ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор, одговори МНР на реакцијата на Атина до УЕФА

Редакција

Израелската армија тврди дека Хамас држи 126 заложници

Редакција