еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Во фаза на регистрација е и трет бугарски клуб во Македонија, кој повторно има контраверзно историско име, “Цар Фердинанд“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во фаза на регистрација трет бугарски клуб со контроверзно историско име, “Цар Фердинанд”

Кој е Цар Фердинанд

Фердинанд Сакс-Кобург-Готски е бугарски кнез кој владеел во периодот од 1887 до 1908 година и цар на Бугарија во периодот од 1908 до 1918 година.

Тој бил син на принцот Август Сакскобурготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип.

Тој имал голема улога во поделбата на Македонија и се смета за директен наредбодавец на убиството на Јане Сандански. Неговото мешање во македонското револуционерно движење било погубно за цела Македонија.

Македонското прашање за време на Цар Фердинанд

По Берлинскиот конгрес, Македонија го заземала централното место во надворешната политика на Бугарија, а секоја влада на Бугарија се залагала за присоединување на Македонија кон Бугарската држава и реализација на санстефанскиот идеал, при што, бугарските влади се разликувале само во методите и начинот на реализирање на таквиот идеал.

Меѓутоа Бугарија не била единствената држава која имала претензии кон Македонија, тука биле и Србија и Грција, а македонското прашање било од втор степен значајно за Црна Гора и Романија.

Во конбинаториките за Македонија, Црна Гора претендирала на Дебар за да изврши притисок врз Србија и да добие територии на Косово, додека пак Романија преку својата пропаганда во Македонија вршела притисок врз Бугарија за да добие територијални отстапки во Добруџа.

Таквите претензии на балканските држави врз Македонија, особено на Бугарија, Грција и Србија, создале еден силен балкански анатагонизам кој можел лесно да се претвори во една голема војна и да ја запали Европа.

Една од главните карактеристики на монархиите од крајот на XX век и век била спрегата со национализмот. Монархиите кои биле разнишани со Француската револуција својот опстанок го гледале во сојуз со националистите и дејствувањето врз националистичка карта, односно честопати монарсите се претставувале за заштитници и спроводници на националистичката идеја.

Така, Фердинанд како странец во Бугарија и нов владетел заиграл на картата за Санстефанска Бугарија и во текот на своето долгогодишно владеење тој себе си се претставувал за носител и претстваник на големата бугарска идеја за да ја зачува и зголеми својата популарност и за да обезбеди основа за своја власт и династија во Бугарија.

Фердинанд во согласност со своите политички убедувања и разбирања за човековата природа бил подготвен на разговори, преговори, средби, пресметки и тајни договори со секого кој би можел да му помогне во реализацијата на санстефанската идеја, меѓутоа секогаш имал предвид да добие што поголем дел од пленот, односно Македонија.

Фердинанд и македонското револуционерно движење

Односот на Фердинанд со македонските револуционери најдобро го претставил Крсто Гермов во разговор со Лазар Колишевски во 1961 г., кога истакнал:

„… Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично, е, па дојдов да ти кажам дека на Дворот (кај Фердинанд) влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа… освен еден човек… Таму не влезе само Гоце Делчев… “.

Фердинанд со претставниците на македонското револуционерно движење си играл топло-ладно. По формирањето на Македонскиот комитет во Софија, Фердинанд и бугарската влада му дале поддршка на Трајко Китанчев да продолжи со организирањето и праќањето на вооружените чети во Македонија.

Но, во април 1895 година, Фердинанд примил една делегација на Македонскиот комитет на која, меѓу другото, истакнал дека:

„ …Јас и мојата влада… со жал ги следевме агитациите кои се покренаа меѓу македонските жители во Кнежевството… ние со жал требаше да константираме дека последиците од тие необмислени манифестаци беа: зголемување на бројот на војската на нашата граница, нивно преворужување, зголемување на административните и полициските органи, раздразнетост на властите и населението… ниту тој, ниту владата нема да дадат никаква поддршка за населението во Македонија… ако… Македонците не ги прекинат своите агитации… “.

Меѓутоа, без разлика на ваквото предупредување, кон крајот на јуни и почетокот на јули 1895 година дошло до Мелничкото востание во Македонија, но тоа во воен поглед било катастрофа. Веднаш по востанието, Фердинанд и неговата влада ја откажале подршката за Македонскиот комитет и ги собрале плодовите. Меѓутоа сплетките на Фердинанд биле откриени и во јануарскoто издание на весникот Право од 1896 година било истакнато:

„…Па и зошто да не… кога делото може да се искористи за во корист на непризнаениот кнез? Кнезот замина на запад и владата ги отвори своите складови… факт дека тој со својата телеграма од Карсброд за 24 часа го сопре нашето движење со бугарската војска која ги затвори границите. Таа телеграма… го изеде Китанчев, кој не можеше да поднесе дека е попаднат во неговата капаана и несвесно служел за неговите интереси…“.

Една година по акцијата на Македонскиот комитет, весникот Право напишал:

„… македонските чети минатата година војуваа… и извојуваа признавање на бугарскиот кнез од Русија и Турција, бугарската влада, за да го отплати долгот за неа (Македонија) издејствува реформи. Работата стана квит. Услуга за услуга“.

Фердинанд го искористил Мелничкото востание за свое законско признавање, но не застанал тука. Во текот на идните години, Фердинанд се стремел да го стави под индиректна контрола Македонскиот комитет, односно макеодонското револуционерно движење и затоа во него уфрлал разни свои луѓе од Данаил Николаев па сè до Иван Цончев. Поради таквата политика, Фердинанд дошол во судир со некои од македонските револуционери. Борис Сарафов во своето интервју со Амфитеатров од 1901 година истакнал:

„…Автономната македонска идеја нè скара со бугарската влада. Зар порано со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинанд? Зар… Рачо Петров. кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да нè скроти, не беше наш соучесник во 1895 г. и не ни дозволи да ја минеме македонската граница и да водиме чети?

Нè фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада. Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите. Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанад… го примамува ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот – Македонија…“.

Според српскиот дипломатски претставник во Софија, кон крајот на март 1902:

„…Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и претстваник на големата бугарска идеја… да ја зачува и зголеми својата популарност…“.

Меѓутоа истиот српски претставник истакнал дека:

„…Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло до националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува. Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинад и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во денешните политички услови може да се дојде под покровителство на Султанот.

И токму затоа што не сакаат да допуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, предизвикаа гнев кај кнезот Фердинад и тогашниот шеф на владата – Каравелов, кој како запален шовинист, прв почна да ги гони (Сарафистите).

Само со тоа гонење може да се објасни што на чело на ВК дојде резервниот генерал Иван Цончев и поетот Михајловски, од кои првиот е повереник на кнезот Фединанад, а другиот приврзаник на Каравелов…“.

Меѓутоа и покрај спротиставувањата, Фердинанд успеал да го стави Македонскиот комитет под своја контрола преку генералот Иван Цончев, а од тука произлегло и Горноџумајското востание.

Фердинанд своите контакти со македонското револуционерно движење ги продолжил до крајот на своето владеење, сретнувајќи се со многумина. Во своите спомени, Ванчо Михајлов приложил писмо за кое кажува дека е напишано од Иван Балабанов, во кое, Балабанов на 27.12.1957 година на В. Михајлов меѓу другото му напишал:

„…Не беше за мене тајна дека Сандански влегуваше многу често во Дворецот (т.е. кај Фердинанд) преку северната врата и мене ми правеше впечаток дека таму влегуваше со револвер во џебот…

Дали тој се сметал за лошо платен за тоа што го извршувал и станал непријател на Фердинанд ќе можете вие подобро да оцените… Чудни се – да го употребам најмекиот израз – тие средби на Сандански со царот, тој Сандански, кој се истакнуваше како заколнат непријател на врховизмот…

Голема недоумица и сомничави прашања кај многу современици предизвикувал фактот што цар Фердинад испратил венец за да биде положен врз гробот на Сандански, наскоро откако бил убиен.

Венецот е положен од Иван Вапацаров, родум од Банско (таткото на поетот Никола Вапцаров, четникувал во четата на Ј.Сандански). Самиот Вапцаров повторуваше дека таа работа никако не може да ја разбере – цар Фердинанд испраќа венец за Сандански…“.

Мешањето на Фердинанд во внатрешните работи на македонското револуционерно движење носеле несреќа за Македонија и македонскиот народ. Македонската револуционерна организација изгубила драгоцено време во борбата со Цончевистите и Врховизмот во чие создавање учествувал и самиот Фердинанд.

Користени материјали од Википедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски вели оти во манастир случајно се сретнал со претседателот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ и оти не го познава

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови бил гостин на Заев во Владата

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „27 април“: Обвинетиот Нинџа работел во УБК под псевдоним Самурај, имал и значка, пиштол и радиостаница

Редакција

81-годишен дедо во Скопје допирал деветгодишно девојче

Редакција

Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за пиротехничките средства пронајдени во возилото на внукот на Ахмети

Редакција