еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Откриено истекување на нафта на нафтоводот, кој Русија ја поврзува со Европа

Полскиот оператор на нафтоводот Перн откри истекување на една линија од нафтоводот Дружба што пренесува нафта од Русија во Европа, од цевка на околу 70 километри од полскиот град Плоцк.

Причината за истекување на нафта засега е непозната, а службите на компанијата превземаат мерки согласно новонастанатата ситуација.

Дружба е еден од најголемите цевководни системи во светот и служи како најголема рута за снабдување со нафта од Русија и Казахстан до точките во Украина, Белорусија, Полска, Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија и Германија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Социјален Мозок

Редакција

Владата донела одлука да му додели државјанство на украинскиот политичар врз основа на мислењето на релевантните институции, вели Ковачевски

Редакција

Рибарењето можен начин за зараза кај третиот случај на конго кримска хеморагична треска

Редакција