еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Огнената група“ постигнала компромис со ДУИ: Беџети организациски секретар, Џафери претседател на Надзорниот одбор

Членовите на „Огнената група“ постигнале компромис со лидерот Али Ахмети и раководството на ДУИ, на синоќешниот партиски состанок во Мала Речица.

Според извори на „Слободен печат“ договорено е актуелниот потпретседател на партијата, Изет Меџити, да остане на таа функција и по утрешното Генерално собрание.

Уште еден член на „огнените“, Блерим Беџети, доаѓа на партиска функција и тој ќе биде организациски секретар.

Муса Џафери ќе биде претседател на Надзорниот одбор.

За потпретседател на партијата ќе биде избран и актуелниот пратеник Арбер Адеми, како и Бајрам Реџепи.

Уште еден компромис е постигнат околу последното потпретседателско место, на кое, според информациите, ќе биде поставена Арбана Пашоли, наместо првичниот предлог тоа да биде пратеничката Арта Зендели-Биљали, за која се вели дека е блиска до Груби.

„Огнените“ попуштиле околу барањето за отчет на актуелните функционери на партијата, кој според информациите нема да инсистираат да се случи на денешната седница, туку е одложен за две недели, за 29 октомври.

Фатон Ахмети ќе биде поставен за генерален секретар, додека Саранда Имери ќе ја извршува функцијата секретар за родова еднаквост.

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дескоска: Грчкото министерство за правда сѐ уште без одговор на барањата за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Редакција

Дизелот поскапува за три денари

Редакција

Прилепчанецот што почина од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција