еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Целта на отварањето на бугарските здруженија со вакви имиња е да го забави зачленувањето во ЕУ, вели директорот на Агенцијата за разузнавање, Муслиу

Целта на отварањето на бугарските здруженија со имиња како Цар Борис Трети или Ванчо Михајлов е да се забави зачленувањето на Македонија во ЕУ, смета директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

Тој за „360 Степени“ вели дека нивното отварање е провокација и е во интерес на хибридни стратези.

-Во целиот процес во изминативе 10-12 години јасна и видлива беше интенцијата на трети актери да го успорат процесот на зачленување на РС Македонија, Црна Гора и други држави во НАТО, исто како и во делот на Европската Унија.

Конктретно, околу бугарските здруженија, јас можам да кажам дека ова го третирам од аспект на провокација и е во интерес на хибридни стратези кои се уште не се откажуваат да го попречат или да го успорат нашиот пат, на РС Македонија, да се зачлени во Европската Унија, рече тој.

Според него, дел од хибридното делување е остварувањето на политичко влијание во одредена зона, а, како што рече, не е тајна дека голем дел од македонски експоненти во изминатиот период имаат контакти со Москва.

-Дел од хибридното делување е да се остварува и политичко влијание во одредена зона. Значи, да се влијае во политички партии, дали во креирањето на мислењето на граѓаните – тоа е еден дел од алатката.

Меѓутоа, сепак, политичкото организирање во нашата држава е уставно право на секого, но од позиција на директор на Агенција за разузнавање треба да потенцирам дека членството во политичка партија никому не му овозможува чадор за имунитет.

Контактите со странски разнузнавачки служби, работењето во интерес на странски хибридни стратегии, контакти со терористички организации, со наркокарели, никого не прават недопирлив, ниту за законот ниту пак како таргет на Агенцијата за разузнавање, рече Муслиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Костадин Костадинов, лидерот на „Преродба“, за кој македонското МНР реагира со вербална нота

Кој е Виктор Стојанов, кој бара ликвидација на Весна Бендевска

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Фото: 360 Степени/Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Редакција

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 29 лица

Редакција

По расправија со татко му, 32-годишен скопјанец го запалил мотоциклот на мајка му, се обидел да ја запали и куќата

Редакција