еМагазин
Локално

Го киднапирале откако сакал да донира преку Фејсбук

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) и С.М.(36), двајцата од село Мала Речица, тетовско, за сторени кривични дела „изнуда“и „противправно лишување од слобода“ и против Н.И.(37) од Тетово, за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“, информира МВР.

Во периодот на јули и август 2018 година С.П.(57) од село Орланци во неколку наврати телефонски контактирал со теретопријавената во врска со барање за хуманитарна помош кое било објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“.

На 16 август во Тетово на улица „Илинденска“, кога С.П. дошол во станот каде престојува третопријавената со цел да и даде хуманитарна помош, таму биле присутни и другите пријавени лица, по што третопријавената веднаш ја заклучила вратата и си заминала од станот.

Откако настанала вербална расправија околу посетата на С.П, првопријавениот преку телефонот на оштетениот се јавил на неговиот син и му барал парични средства во износ од 20.000 евра за да го ослободи неговиот татко, по што настанот од страна на синот е пријавен во полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна 15-годишна штитеничка од групен дом во Козле

Редакција

Малолетници од Неготино сексуално вознемирувале 13-годишно девојче

Редакција

Граѓаните утре ќе протестираат за да го спасат теренчето во училиштето „Блаже Конески“

Редакција